ММС

Објавено на: 04/24/21 2:21 PM

Д-р Јовев: Пациентите на кои им беше трансплатнирано срце се чувствуваат добро

Пациентите на кои им беше досега трансплантирано срце од починат донор, се чусвтуваат добро, рече Д-р Сашо Јовев кардиохирург, во емсијата „Стадион“ на Канал 77.

„Пациентите се чувстуваат добор, ние веќе ги направивме првите две биопсии ендомиокардни исто така за прв пат во нашата Република. Биопсија ендомикардна значи дека се зема парче од внатрешноста на срцето за да се види дали тој организам веќе реагира на новото срце или полека го отфрла и вчера веќе ги имавме првите резултати кои говорат дека сме добри дека не ги отфрлаат дека лековите добор функционираат и што се однесува до тоа сме многу среќни. Клинички се чувствуваат извонредно обата пациенти, едниот кој пред една година е имплантиран кој што има ново срце се чувстува перфектно, го контролираме постојано на неделна на дво неделна база, а вториот младото момче кое што беше екстубирано, веќе не беше на респиратор првиот ден веќе е вертикализиран, шета, се бања, прашува кога ќе оди дома и се надеваме дека тоа ќе продолжи да биде добро“, вели Д-р Јовев.

Има доста пациенти на листата, но трансплантацијата треба да биде многу погодена вели Д- р Јовев,  што зависни од нашата примарна медицина и од нашите кардиолози чие што нивото треба секако да го подигнеме и што на некој начин треба да се вклучат со нас кои практично ја водиме медицината од висока технолошка смисла, да не следат за да може да се откриваат тие пациенти и на некој начин веќе да се ставаат на листата, да се подготвуваат и итн.

„ Дека има 16 годишна пациентка сеуште не знам, сите останати ги знам. Тоа е актуелно и нешто сосем ново но тоа е тоа, болестите не прашуваат, пациенти има и многу млади и постари и во средна возраст. Затоа што и причината за тоа дека треба да се трансплантира срце или причините се повеќе, меѓу другото кај некои малди може да биде и конгевитални заболувања кои не можат да се решат со конвенционална хирургија, кои што се еднаш или два пати решавани со конвенционална хирургија и не се може повеќе или заболувања кои предизвикуваат оштетувања на срцето и не преостанува ништо друго освен да се замени со ново срце“, вели Д-р Јовев.

Најчеста трансплантација има за бубрези и срце, секако и за бели дробови јас сум кажал вели Д-р Јовев дека би требало да трансплантираме и иако бројот  на некој начин е помал, можеби е нешто покомлицирано, но ништо нема комплицирано, секако дека би требале да одиме во тој правец особено што нашата клиника, Универзитетската Клиниката за кардиохирургија ја има целата база која што е потребна за трансплантација на бели дробови и хепар, доколку абдоменалните хирурзи со кои секојдневно комуницираме го побараат тоа од нас. Трансплантацијата на белите дробови во принцип е транспланатција за која се бара висока технологија и вештина хирушка, сите како и за кардиохирургијата. Јас сметам дека трансплантацијата на бели дробови може да се направи.

Во однос на подигнувањето на свеста за органодарителство, Д- р Јовев вели дека се движиме напред, но треба поттик и популаризација.

„Иако ова се комплицирани и тешки работи ние веќе одиме многу напред, потребно да се подигне на максимално ниво свеста на граѓаните и да се види дека со донаторство се спасуваат многу животи. Само со последното донаторство видете колку животи спасивме. Треба да се поттикнат сите медиуми, тоа да се популаризира, да ниво тоа да стане нормално да се донираат органи за да се спасат животи, затоа што тоа е толку хумано и потребно“, вели Д-р Јовев.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.