ММС

Објавено на: 04/24/21 11:00 AM

(ВИДЕО) Некогаш запуштено место, денес атрактивен зелен простор – Покривот на ГТЦ некогаш и сега

Градот Скопје го подготвува својот втор зелен покрив на згардата од Домот на градежници, но и третиот на  деловниот центар „Мавровка“ кој треба да прерасне во ново урбана зелена оаза.

Првиот зелен покрив во Скопје отворен на Градскиот Трговски Центар, денес е катче за одмор и рекреација, а некогаш запуштено место.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил напиша:

„Од некогаш запуштеното место, денес атрактивен зелен простор со над 100 000 посетители на првиот зелен покрив во Скопје на Градски Трговски Центар – Скопје“.

Погледнете како се вршеше трансформацијата на покривот:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.