ММС

Објавено на: 04/24/21 10:13 AM

Немало кај нас никогаш трговија со органи, тоа се теории на заговор, изјави Д-р Маја Мојсова Мијовска

Тоа се теории на заговор, кај нас немало никогаш трговија со органи, не можно органот да се извади витален, жив, да има циркулација во тој орган. Можно е само во медицински установи, бидејќи тие донори се на интензивни лекување, нема донор надвор од интензивно лекување, изјави Д-р Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплатација, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

-Кај нас немало никогаш трговија со органи, тоа се теории на заговор. Не може да се извади органот витален, жив, да има циркулација во тој орган. Тоа единствено е можно само во медицински установи, тие донори се во интензивните лекувања, нема донор надвор од интензивно лекување. Не псотои мозочна смрт и пациентот да дише, затоа што нема респираторен центар за дишење. Како е можно да се случи такво сценарио? Во процесот има 50 здравствени работници, персонал, медицински сестри, лекари, каде би можел да оди органот? Во светот има некои телевизиски серии, во САД, каде што го прават тоа и таму може да се види процесот, но тоа не е реалност, објасни Националниот координатор за трансплатација.

Мојсова Мијовска додаде дека постапката за донирање орган од жив донор е законски регулирана и не постои простор за злоупотреба и протекција при донесувањето на изборот.

-Конкретно зборуваме за бубрези од живи донори, тука мора да докажеме дека сме роднини. Не може некој ако е богат, па да плати и да добие бубрег. Има законска обврска, примателот мора да е роднина со живиот донор до трето колено. Трансплатацијата во јавно здравство е контролирана средина, мораме законски да покажеме докази и документи, вели таа.

Во однос на „Евротрансплант“, Д-р Мојсова Мијовска рече дека во таа организација тешко се станува членка, но Македонија е во некаква динамика на развивање во оваа област.

-Од околните држави, ниту Србија, ниту Грција не се дел од „Евротрансплант“. Таму се 15-тина држави, со развиен систем и стабилен систем на органодарителство. Ние сме во некаква динамика на развивање, единствено што ни понудиле е соработка на „тичинг енд тренинг, одговори Националниот координатор за трансплантација.

На Клиниката за кардиологија во Скопје, минатата седмица е извршена втората трансплатација на срце кај 27-годишно момче, од донор на слична возраст кој за жал починал како последица на сообраќајна незгода.

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.