ММС

Објавено на: 04/24/21 7:21 AM

Француските генерали со порака до Макрон: Ако не го спречите растечкиот хаос, ќе избувне граѓанска војна

Околу 20 генерали во Франција, тврдејќи дека во земјата има растечки хаос, истакнаа дека претседателот Емануел Макрон треба да стави крај на тоа, во спротивно ќе има граѓанска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмото објавено на екстремно десничарската веб-страница „Valeurs Actuelles“ и потпишано од 20 генерали, околу 100 офицери и повеќе од 1.000 војници, упатен е повик до Владата да го брани патриотизмот.

Во писмото, во кое се тврди дека Франција се наоѓа под многу закани, се истакнува дека треба да се осуди распаѓањето што ѝ се заканува на земјата.

Исто така, во писмото се додава дека со антирасистичка дискриминација се создава немир и омраза меѓу заедниците во татковината.

Меѓу другото, во писмото се бара расистичка војна со изрази како што се „расизам“ и „деколонизација“.

Во писмото се тврди дека оние што ги користат овие термини и ги презираат традициите и културата на Франција сакаат да го видат распаѓањето на земјата.

Исламизмот и предградијата, како што се вели во писмото, довеле до дискриминација и поделба во земјата.

Во писмото се наведува дека властите ја користеле полицијата како фронт и полицајците како жртвени јагниња на демонстрациите и дека луѓето ѝ се заканувале на полицијата која само ги следела наредбите.

„Опасностите растат, насилството се зголемува од ден на ден“, се нагласува во писмото на генералите.

Во писмото, во кое се вели дека властите во земјата треба да ги отстранат овие опасности, се додава: „Нема време да се чека, во спротивно граѓанската војна ќе стави крај на овој растечки хаос и ќе се случат илјадници смртни случаи за кои вие ќе бидете одговорни.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.