ММС

Објавено на: 04/23/21 10:05 PM

Јутјубер се пријавил за градоначалник на Лондон, тој е најпопуларниот кандидат

Јутјуберот Нико Омилана (23) одлучил да се кандидира за градоначалник на Лондон, а според анкетите, тој е најпопуларниот независен кандидат на изборите.

Нико дошол на идејата бидејќи „ништо не функционирало за младите“, а на социјалните мрежи каде што го пратат 1,1 милиони луѓе ги повикува да го поддржат и гласаат за него.

Тој на Инстаграм со фотографија и видео пред Би-Би-Си апелирал дека оваа медиумска куќа прави интервју со него, а неговата објава има речиси пола милион лајкови. Анкетите покажале дека Никко на изборите би можел да освои пет отсто од гласовите , што би значело дека е најпопуларниот меѓу независните кандидати.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Niko Omilana (@niko)

Омилана е еден од кандидатите на изборите, кои требаше да се одржат во 2020 година, но се одложени поради пандемијата.

Извор: Телеграф.рс

Преведно: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.