ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/23/21 9:22 PM

Сè ке оди како подмачкано – четири правила на будистичките монаси за остварување на желбите и целите

Поради секојдневните обврски на работа, во семејството, грижа за децата, уредување на домот и брзиот начин на живот, склони сме да забораваме  да го направиме она неопходното за својата среќа и остварување – размислување за мисијата на сопствениот живот.

Секој од нас има желби и соништа, а многумина од нив ги забораваме, ги чуваме во себе, дури и кога знаеме дека нивното остварување е поврзано со нашата среќа.

Прочитајте кон кои четири принципи се придржуваат будистичките монаси, а кои ќе ви помогнат да го остварите тоа што го сакате во животот.

Концентрирајте се во моментот на една работа која ја работите

-Не мешајте активност и продуктивност. Многу луѓе работат нешто само за да изгледаат зафатени, – Робин Шарма.

Ова е едноставна и клучна работа која симболизира важен апсект од филозофијата. Фокусирајте се на една работа – концентрирајте се на една задача истовремено и полесно ќе ја остварите. Важно е работата да биде за вас од клучна важност.

Обратете внимание на она што би сакал да работите. Научниците докажале дека мозокот не работи ефикасно кога работиме повеќе работи истовремено. На прв поглед може да се чини дека работиме многу, но всушност сме контрапродуктивни, а квалитетот сигурно се намалува.

Ако се посветиме на една задача, ќе бидеме и ќе живееме посмирено и посреќно.

Потрудете се

„Секое утро повторно се раѓаме. Најважно е она што денес го работиме.“ – Буда. Кога работиме нешто со својата енергија, своето тело и ум, тоа значи дека сме потполно фокусирани на сегашниот момент. Низ безкомпромисна концентрација можете да го исполните тоа што го сакате.

Живееме овде и сега, потполно предадени на избраната задача, и ништо друго не доволувајте да ви го попречи патот.

Организирајте ги своите желби -посакајте само она што ви треба да бидете вистински среќни

„Што помалку имате, помалку работите ве поседуваат“

Имаме многу желби и поседуваме непотребни работи. Будистичката филозофија учи дека чувањето на безвредни предмети е штетно. Желбата за материјални работи создава само бескраен ланец на желби кои никогаш до крај не  еможно да ги исполните. На пример, ако сметате дека вашата среќа може да ја донесе нов телефон или автомобил, и кога ќе го добиете, наскоро ќе посакате подобар и понапреден и повторно нема да бидете исполнети. Кога ентузијазмот еднаш попушти, сакаме друго.

Користете свои креативни вештини

Многу е важно да знаеме креативно да се изразиме. Било да се работи за поезија, уметност, спорт или пишување, креативните вештини се извор на животот во сегашниот момент и значи дека уживаме во сегашноста. Овозможуваат да се изразиме до крај и да го одржиме емоционалното здравје, но и да го оствариме она за што сонуваме

Извор: Стил.курир.рс/Фото:Shutterstock

Преведно: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1