ММС

Објавено на: 04/23/21 7:53 PM

Родителите му починаа во една недела – Сергеј Четковиќ со тажна објава ги расплака обожавателите

Кон средината на март двата родители на Сергеј Четковиќ го загубија животот после борбата со корона вирусот.

-Драги мои, поминаа 40 дена од изненадното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да тече понатаму. Ви благодарам на сите на утешните зборови, сочувството и молитвите со кои бевте покрај нас. Бескрајно благодарен, ваш Сергеј, порачал пејачот во емотивната објава на Фејсбук.

Родителите на Сергеј, Драгица и Слободан починаа во рок од една недела еден по друг.

Извор: Курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.