ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/23/21 7:06 PM

Не го даваме Пауновски, се собира петиција за поддршка – Портпаролот на ДПИ, Александра Котели вели дека сите вработени се потпишуваат за директорот

Вистинските професионалци велат дека не е важно кој си, која вера и нација си и од каде си, важно е да си професионалец во работата, бидејќи кога овие правила би се испочитувале, работата би врвела напред. Ова деновиве се случува кај директорот на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој во институцијата одби да вработи нови луѓе по рамковен договор, како што рече за медиумите,  со несоодветно образование, а тука ги наведе детективтие и криминалистите од факултетот на Рамиз Мерко. За професионализмот на Пауновски, премиерот Заев се налути и рече дека треба да постои хиерархија, па го „награди“ со разрешување од функцијата.

На оваа одлука на премиерот не се согласуваат вработените, кои се на истиот став со Пауновски, за кого велат дека тој „сака само професионализам  и благодарение на него институцијата доби реноме и дигнитет„. ММС разговараше со пртпаролот на Пазарна инспекција, Александра Котели, која рече дека сите вработени стојат зад ставот на Пауновски и дека веќе се собира петиција за промена на одлуката за негово разрешување.

По најавата на премиерот Зоран Заев за разрешување на претседателот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, вистина ли е дека денеска започна иницијатива за собирање потписи односно петиција тој и натаму да остане на чело на оваа институција? Како тече процесот, колкав е одзивот од инспекторите, од каде се има ?

– Во историјата на постоењето на Пазарниот инспекторат не се случило да постои таков кадарен личен, морален и етички капацитет како што е Пауновски. Условите кои ги создаде Пауновски во само три години се услови кои ќе ги користат вработените уште многу многу години во иднина. Од набавка на возила,  реконструкција на објекти, како и зголемување на број на кадар. Квалитетот на институцијата, реномето го издигна на многу високо ниво ,а за тоа говорат и големиот број резултати.Она што во моментов се случува е процес на потписи на голем број инспектори на петицијата со цел да имаме средба со премиерот Зоран Заев за да го слушне мислењето и ставот на вработените како функционира нашата институција и разликите пред и по Пауновски. Верувам дека нашиот глас ќе биде слушнат. Ова се случи ненадејно и имаме потполна подршка од сите вработени.

Што точно се бара во петицијата?

– Станува збор за промена на одлуката за можно разрешување на нашиот директор.

Ова е иницијатива на самите вработени?

– Напоменувам од сите вработени од Пазарниот инспекторат.

Како вие гледате на неговиот став да не се примаат кадри, кои не се стручни за таа институција?

– Сепак сметаме дека одлуките на директорот се негови лични, но тука да напоменам дека нашата институција се грижи за добар кадар, дека ние сме на терен, а тоа бара квалитетни и издржливи кадри. Ние не сме против вработување на нови административци, но најважно е тие да имаат соодветно образование, а тие кои не се со соодветно образование веруваме дека ќе најдат место во други институции. Гледаме нашата институција и натаму да расте со квалитет како и досега, благодарение на нашиот директор и на неговата соработка која ја имаме со него.

Овие рамковни вработувања се етнички, па дали во иницијативата се потпишуваат и инспектори од други етнички заедници?

– Можам да кажам дека не само инспектори туку и сите, буквално сите вработени во државниот инспекторат. Ние сме едно големо семејство и никогаш не сме разликувале вера, нација и етникум. Сето тоа е благодарание на директорот кој не држел подеднакво како негови деца .

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1