ММС

Објавено на: 04/23/21 6:42 PM

Повторно приведени двајца крадци во Кочани

Денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода М.К.(24) и Џ.К.(19), информираат од МВР. М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид затоа што на 20-ти овој месец од жена одзел паричник, а на 22-ри се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.

Полициски службеници по добиена судска Наредба извршиле претрес во домот на М.К. при што бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М.К. по добиена судска Наредба бил спроведен во затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.