ММС

Објавено на: 04/23/21 6:17 PM

 Прво потресно обраќање на сопругата на Балашевиќ

Оливера Балашевиќ, сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ, одржала емотивен говор по повод донацијата која ја дала на Академијата за уметност во Нови Сад.

Потресниот говор Оливера го одржала во име на семејството, што е воедно и нејзино прво појавување и обраќање во јавноста после смртта на Ѓорѓе.

-Ви се обраќам во име на семејството. Загледана во овие црвени затворени куфери, кои ги паметат среќните моменти и аплаузи ширум регионот, помислив колку е чуден патот по кој одиме. Од моите три деца, двајца оваа академија ги школуваше. На овој начин сакаме да се зблагодариме на драгите професори, градот Нови Сад, граѓаните на Нови Сад и оние кои на креативен начин учествуваа вo денот кога Ѓорѓе замина, кога не напушти. Во овие денови, кои се неопростливо тешки за мене и моите деца, ккако родител сакам на овој начин да се заблагодарам. На академската реалност на која сме јас и моето семејство изложени, некоја друга реалност која морам да ја споменам, како јавни личности, постојат одредени нагодувања на порталите за некаков тестамент. А системот нас не научи дека постои термин имотна расправа. На списокот на оние кои наследуваат наследство се наоѓаат моите деца и се наоѓа Академијата на уметност, рекла Оливера Балашевиќ.

-Васа Ладачки беше заљубен во убава, но сиромашна. Мојот Ѓорѓе до крај и на крај беше заљубен во убава, но сиромашна, и така ќе остане засекогаш. Ви благодарам, заклучила таа.

Извор: Нова.рс

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.