ММС

Објавено на: 04/23/21 4:38 PM

Вакцинацијата во Кичево во прекин, има недостиг од вакцини

Поради недостиг од вакцини граѓаните на возраст од 73 и 74 години од Кичево кои се на ред за имунизација, ќе мора да почекаат додека не пристигне новата количина вакцини кон крајот на месецов, потврди доктор Неџат Балажи од Општата болница во Кичево.

Откако во изминатиот период се потрошија сите 600 вакцини на „Астра Зенека“ кои беа наменети за Здравствениот дом Кичево, поради немање нови количества вакцинацијата моментално е во прекин и според најавите од Министерството за здравство се очекува со пристигнувањето на кинеските вакцини „Синофарм“ да продолжи вакцинацијата на граѓаните од 73 и 74 години и помлади, вели доктор Балажи и додаде дека моментално во модуларниот ковид – центар во Кичево хоспитализирани се 35 пациенти, главно со полесна клиничка слика, додека еден пациент поради влошена здравствена состојба упатен е во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Докторот се пожали и на недостиг од тестови во кичевската Општа болница, што го забавува дијагностицирањето на заболените од Ковид-19.

-Покрај недостатигот од вакцини за континуирана вакцинација, деновиве наидуваме на уште еден проблем, а тоа е недостигот од тестови. До кога ќе имаме дефицит од тестови не можам да потврдам, но да се надеваме дека наредната недела и овој проблем ќе биде надминат, додаде д-р Балажи.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.