ММС

Објавено на: 04/23/21 5:06 PM

„После силувањето бараше да му пеам, а жена му го бараше цело време – Даниела Штајнфелд со детали за злоставувањето од Бранислав Лечиќ

Белградската публика имала прилика во средата да го погледне документарниот филм „Држи ме право“ („Hold me right“) кој го режирала Данијела Штајнфелд. Во него актерката раскажала до сега непознати детали за сексуалниот напад кој го доживеала од, како што навела пред еден месец, колегата Бранислав Лечиќ, но и објаснила на кој начин успеала да се избори со траумите.

На почетокот од филмот Данијела објаснува зошто одлучила да побегне од Србија.

-Мажот кој ме силуваше е многу познат во Србија, поради неговата моќ и популарност нема да биде сигурно по мене да прозборам кој е тој. Со тоа би го ставила себе и своето семејство во опасност. Така што само отидов, на почетокот од популарноста и развивањето на мојата кариера. Отидов мислејќи дека одам во нова земја каде што ќе почнам од почеток и никогаш веќе нема да мислам на тоа. Не бев свесна колку трауми доживеав. Ми требаше време да прозборам за тоа и мислев дека, ако направам туѓите приказни да се слушнат, тогаш ќе се слушне и мојата приказна, рекла Данијела и споделила видео кое го снимала ден после силувањето.

-Минатата ноќ се случи нешто ужасно. Уште сум збунета и во шок. Требаше да почувствувам дека оди кон ова, зборуваше уште од 2010 дека ме посакува. Јас него му кажував дека не го сакам. Зборував и дека не сум заинтересирана, дека имам момче, дека не сакам никаква врска со него, што и така беше – започнала Данијела и раскажала за страшните моменти на самиот напад.

-Му викав цело време да застане, дека се плашам, дека не го сакам тоа, толку пати му реков „не“. Ме турна на ѕидот, почна да ме допира секаде по телото, ја стави раката во моите гаќи. После тоа цело време се обидуваше да омаловажи што се случило и се правеше дека се е во ред. Кога се враќавме назад, неговата жена цело време го бараше, а тој само мене ме држеше за рака и зборуваше колку е среќен и благодарен, ми се смееше. Бараше да му пеам, и пеев. Во тој момент веќе не бев човечко суштество. И сега се сеќавам на моментот кога излегов од неговиот автомобил и ги спуштив нозете на земја. Мислев само колку е чудно што сум жива и дека се е готово.

Даниела раскажала дека неколку дена после нападот мислела дека ќе биде добро. Дека се е минато и дека ќе може да продолжи нормално со животот.

-Бев сеуште еуфорична и потполно негирав што ми се случи. И после некое врме само одеднаш ми дојде пред очи слика од тој ѕид и како се изгледаше. Чувствував како да ме силува одново и одново. Флешбекови од таа ноќ ми беа најстрашното нешто што некогаш го имам доживеано. После тоа не можев да бидам во автомобил, да патувам, да зборувам со странци, да одам на аукции, да се обидувам да направам кариера во Америка.

Актерката открила и како во едне момент планирала да изврши самоубиство.

-Одлучив да одам од Њујорк во Лос Анџелес, каде што никој не познавав. Бев разделена од семејството и од пријателите во Њујорк. Мојата одлука беше дека тоа ќе биде последната година во мојот живот. Но не во очајна смисла, туку како треба се да се заврши. Оставив проштално писмо во станот, во кое напишав да ме погребаат во Америка, а моето писмо да го пратат на моите родители. Напишав да ми простат. Мојата цимерка го нашла и веднаш викна полиција. Јас исто така ги викнав и реков дека тоа е лажен аларм, мислејќи дека ќе се извлечам. Но тие не поверуваа. Дојдоа во станот, го видоа писмото и ме уапсија, раскажала актерката и открила дека долго време планирала да најде начин да докаже кој ја силувал.

Извор: Блиц.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.