ММС

Објавено на: 04/23/21 12:34 PM

Притвор за силувачот и помагателите од подземната гаража во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе Решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1