ММС

Објавено на: 04/23/21 12:42 PM

УЕФА сепак нема да казнува: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ остануваат во тековната сезона во ЛШ

Полуфиналните дуели од Лигата на шампионите, помеѓу Реал Мадрид-Челзи и ПСЖ-Манчестер Сити, сепак ќе се најдат на програмата во сезоната 2020/21 следната недела, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Шпекулациите за наводното казнување на УЕФА на екипите кои првично ја формираа Европската Супер Лига, особено за клубот од Мадрид кој сè уште останува доследен на тој концепт, паѓаат во вода. Европската куќа на фудбалот засега нема да преземе такви драстични мерки за ниту еден тим кој е дел од тековната сезона во натпреварувањата на УЕФА, Лигата на шампионите и Европа Лига.

Поштедени ќе бидат и Манчестер Јунајтед и Арсенал, полуфиналистите во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во јавноста изминатите денови се појавија гласини за суспендирање на Реал Мадрид од полуфиналето во ЛШ и директен пласман на Челзи во финалето.

На 27-ми април, мадриѓаните на „Алфредо Ди Стефано“ ќе го пречечаат англискиот претставник, додека пак ден потоа ПСЖ, кој не беше инволвиран во идејата за Супер Лига, ќе го угости идниот англиски првак, Манчестер Сити. Реваншите ќе бидат одиграни една седмица подоцна во Англија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.