ММС

Објавено на: 04/23/21 12:03 PM

Посна трпеза: Мекици за лижење прсти

Подгответе мекици на традиционален начин. Оваа е верзија без јајца и млечни производи, идеална за посни денови.

Состојки:
-500 мл. топла вода
-1 лажичка шеќер
-1 лажичка сол
-40 гр свеж квасец или 10 грама (1 кесичка) сув

-50 мл масло
– 1 кг брашно

-1 литро масло за пржење

Подготовка

Во топла вода ставете квасец и додајте го шеќерот па измешајте. Оставете го на страна квасецот да се нарасне.

Во длабок сад ставете го нараснатиот квасец, 50 мл зејтин, сол и околу 500 гр брашно па се добро измешајте го со мешалка.

Од останатата количина на брашно додајте по малку од тестото за да нема грутчиња па на крај измесете со рака. Додајте брашно за тестото да биде меко и благо лепливо.

Смесата оставете ја околу еден час

– Потоа тестото развлечете го на дебелна од околу 1 центиметар.

Исечете ги по желба на делови и оставете ги да отстојат додека маслото не се загрее.

Во длабок сад ставете масло и загрејте. Маслото треба да биде доволно , да мекицата не допре до дното кога ги пржите. Во жешко масло спуштете го тестотот и пржете додека не добие мекицата златна боја.

 

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.