ММС

Објавено на: 04/23/21 11:38 AM

(Видео/фото) Пратениците ги засукаа ракавите! Денес за вакцина, а од утре да проработи Собранието

Денеска во спорткста сала „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците и дел од собраниските служби, како вработени во таканаречената критична инфраструктура. Колку пратеници точно ќе се вакцинираат, собраискиот спикер Талат Џафери нема информација. Тој вели дека има поднесено целосен список со податоци за сите 120 пратеници, но вакцинирањето според него е лична одлука.

„Дојде на ред имунизацијата на пратениците, а претходно заврши имунизацијата на дел од собраниските служби. Продолжува имунизацијата на пратениците и останатиот дел на службениците. Вакцината ќе овозможи посоодветна работа на Собранието и се надевам дека од втората половина на мај ќе се врати нормалниот начин на работа на Собранието, секако почитувајќи ги и понатаму протоколите и мерките донесени од надлежните здравствени институции“, изјави Џафери.

 

„Јас поднесов целосен список на пратениците. Секој од нив добива порака за темринот предвиден за вакцинирање и информација во кој од боксовите треба да се вакцинира. Нивна лична одлука е кој ќе дојде, тоа е волја на секој поединец, не е одговорност на претседателот на Собранието. Кој како ќе одлучи тоа е нивна работа“, додаде Џафери посочувајќи дека секој има право да одлучи дали ќе прими вакцина или не.

 

Имунизацијата на пратениците инаку, се одвива со руската вакцина Спутник В. Според министерот Венко Филипче, останати се уште 200 дози од оваа вакцина, со што наскоро ќе се потроши целосната количина.

Во меѓувреме се очекуваат уште двесте илјади дози од вакцината на кинеската компанија Синофарм, а во текот на мај ќе пристигнат околу 26 илјади дози од вакцината на Фајзер.

 

(В.Ми)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.