ММС

Објавено на: 04/23/21 8:12 AM

Радост за пензионерите пред Велигден, ќе има пари за празникот

Министерството за труд и социјална политика информира дека од понеделник, 26 април почнува етапната исплата на априлските пензии.  Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19. Од МТСП информираат дека подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26ти, во понеделник, за пензии од 11.001-14.000 денари  исплатата е во вторник,  за пензии 14.001-18.000 денари во среда, а над 18.001 денари пензиите ќе се исплаќаат на 29ти во четврток.

-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април, понеделник. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од министерството.

МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.