ММС

Објавено на: 04/22/21 8:40 PM

Јаде еднаш на ден, не нарачува храна од ресторан – Која е суровата диета на Наоми Кембел

Наоми Кембел е една од најпознатите и дефинитивно најзгодни светски супермодели. Иако тајната за нејзината совршена фигура долго беше чувана, Шон Џон, шеф на нејзината кујна порано со публиката сподели намирници без кои манекенката не може да го замисли денот.

Наоми во една прилика признала дека конзумира само еден оброк во денот, а судејќи по зборовите на нејзините готвачи дури и ова јадење мора да биде направено по одредени прописи бидејќи манекенката не јаде млечни производи, глутен и пилешко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

-Готвам за неа веќе цела деценија. Моето задолжение е од намирниците кои Наоми сама ги набавува направам еден оброк дневно, многу едноставно и здраво. Таа е „итал“, што е јамајчански збор за лице кое има вегетаријански режим на исхрана. Кога патува, правам храна за по пат бидејќи авионската храна не и се допаѓа, изјавил Џон за „Page Six“ и додал дека Наоми не конзумира често храна од неговиот ресторан.

-Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Доколку се одлучи за таа опција, секогаш бара да и спремаме нешто што не е на менито. За неа секогаш креирам некое ново јадење.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

-Уште една важна работа – Наоми обожава различни вкусови. Не одобрува сол и бибер, но нејзе многу и се допаѓаат зачински билки, заклучил готвачот.

Извор: Стил.курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.