ММС

Објавено на: 04/22/21 7:57 PM

Крај на сагата: Навивачите ширум светот во солзи поради Шумахер

Михаел Шумахер, првакот во Формула 1, доживеа несреќа на скијање пред неполни осум години, а се наведува дека навивачите никогаш нема да ги дознаат деталите околу неговата здравствена состојба.

Последната информација датира од 2014 година кога Шумахер е префрлен во неговиот дом на Женевско езеро, а истиот извор наведува дека постојат две причини поради кои неговиот статус се чува во тајност.

Првата е поради сложеноста на повредата на мозокот како во случајот со Шумахер, ниту најдобрите лекари не можат да дадат прогноза. Промените се сосема нормални и еден ден може да биде различен од друг. Поради тоа предвидувањата не се сигурни

Од друга страна, Сабина Кем, како претставник на семејството на Шумахер, сака да ја информира јавноста само кога постои нова и конкретна надеж во подобрувањето. Кога Кем денес би објавила соопштение за состојбата на Шумахер, веројатно истата работа би требало да ја направи и утре. И задутре. Принципот станува јасен, наведува Фокус. Поради овие причини семејството одлучило сосема да се изолира од јавноста и мораме да прифатиме дека можеби никогаш нема да се дознае во каква состојба е еден од најдобрите спортисти некогаш.

Извор: Република.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.