ММС

Објавено на: 04/22/21 7:02 PM

„Срам за судијата во Велес! Жртвата никогаш не е виновна, разберете еднаш!„ – Актерката Весна Бејби згрозена од одлуката на велешкиот суд

Одлуката на велешкиот суд, напаѓачот на Мартина Дејаноска да добие само една година ефективен затвор наиде на реакции кај јавноста, особено кај оние, кои имаат поминато низ овој мачен процес. Една од тие е и познатата актерка Весна Бејби Петрушевска, која не остана имуна на неправдата, па по одлуката на велешкиот суд на својот Фејсбук профил напиша коментар со поддршка на Мартина.
-Една година затвор? А 23 месеци траел процесот ?Па што ви требаше толку долго и на крај да сте срам со пресудава.Ова девојче колку нам да ни се чини храбро со својата изјава, пред неа е тешка борба на совладувања, премрежја, ментални состојби за кои многу малку се зборува.Мартина е херој, но ние како општество и правосуден систем сме ја разочарале. Не ни можете да замислите што и се случувало кога гледала дека предаторот оди на работа во образовна институција. Жртвата никогаш не е виновна и аман разберете дека е нула толеранција за најмал допир кон малолетно дете од страна на возрасен!!!!Срам да ви Велес!Срам за судијата во Велес, напиша таа.

Седумнаесетгодишната Мартина Дејаноска од Велес,  била жртва на сексуален напад кога имала само 15 години,  и покажа огромна храброст откако во објава на социјалните мрежи го раскажа своето трауматично искуство. Причината Мартина да биде гласна е пресудата од само една година ефективен затвор за 62-годишниот сексуален престапник.

Нејзиниот татко, Ненад Дејаноски во разговор за ММС призна дека се чувствува разочарано и дека не очекувал ваква казна и затоа со сопругата ја поддржале Мартина јавно да го раскаже своето искуство со цел да ги охрабри девојките и жените кои доживеале слична траума, но молчат од страв.

Една година затвор?23 месеци траел процесот ?Па што ви требаше толку долго и на крај да сстр срам со пресудава.Ова…

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Thursday, April 22, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.