ММС

Објавено на: 04/22/21 6:17 PM

(ВИДЕО) Како Русинките фарбаат јајца – ладно боење дава најубави бои

Најубавиот и наједноставен начин да добиете совршени шарени јајца за Велигден го знаат Русинките, а тоа е методот со ладно боење на јајцата.

За овој метод ќе ви бидат потребни боја и ќеси, ладна, претходно превриена вода, оцет, неколку салфетки, стапчиња за уши и ластичиња за тегли колку што ќе фарбате јајца.

Јајцата сварете ги на вообичаен начин и оставете ги да се оладат. Во секоја чаша ставете по една боја за јајца. Прелијте ја со лажица ладна вода и додадете лажица ладен оцет, па измешајте ја содржината во секоја чаша убаво да се раствори.

Секое јајце посебно завиткајте го во салфетка, врзете ја на врвот со ластик. Макнете со стапчињата за уши во боите и нанесувајте на јајцата од боите.

Кога сите се обоени, оставете ги да се сушат 15 минути. После тоа одвиткајте ја салфетката и јајцата се готови.

Извор: Стил.курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.