ММС

Објавено на: 04/22/21 3:41 PM

(ВИДЕО) Што се подготвува во Милано? Ибра ја продолжува верноста со Милан

Главната ѕвезда на италијанскиот великан Милан, Златан Ибрахимовиќ, ќе го продолжи договорот со „Росонерите“ на уште една година, пренесуваат медиумите на „чизмата“.

Неодамна Паоло Малдини потврди дека популарниот Ибра ќе остане на Сан Сиро до јуни 2022 година, а според објавите на несудениот суперлигаш на социјалните мрежи, официјализирањето на новиот договор со Швеѓанецот е само прашање на време.

 

На Ибрахимовиќ, кој во октомври годинава ќе наполни 40 години, слично како и на нашиот Пандев, не му сметаат годините и „старее подобро од очекуваното“. Во 25 одиграни мечеви во сите конкуренции, Ибрахимовиќ има постигнато 17 голови, а во пресрет на Европското првенство во јуни годинава, иконата на Сериа А објави дека се враќа во репрезентацијата на Шведска по цели шест години.

Подготви: Д. Јосифовски

 

 

 

Фото:

outlookindia.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.