ММС

Објавено на: 04/22/21 3:26 PM

Селекторот Лазаров го објави списокот на ракометари за дуелите против Финска и Швајцарија

Во поскратена варијанта, селекторот и ракометар на македонската репрезентација, Кире Лазаров, денес го објави списокот за претстојните квалификациони натпревари на селекцијата на Македонија против Финска и Швајцарија.

На списокот се најдоа имињата на 21 ракометар, додека пак повик за ракометарите на Еурофарм Пелистер, Дејан Кукуловски, Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски, засега не е пристигнат.

 

Лазаров во натпреварите за пласман на Еуро 2022 ќе оди со проверен состав и без поголеми изненадувања.

Сениорите во среда на 28 април ќе гостуваат во Рихимаки, Финска, а на втори мај во недела ќе ги угостат Швајцарците во СЦ „Јане Сандански“. Мечот со Швајцарија ќе биде воедно и последниот пред потврдување на местото за Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.

Давор Јосифовски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.