ММС

Објавено на: 04/22/21 3:13 PM

Ја омажиле на сила, а во домот на „зетот“ ја држеле затворена и ја обљубиле

Министерството за внатрешни работи ин формираше за драма во семејство во Гостивар, која нерсеќно завршила за девојка која би обљубена.

-На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.