ММС

Објавено на: 04/22/21 1:49 PM

Од бегалец до милионер – Колку изнесува богатството на принцот Филип?

Принцот Филип, војводата од Единбург бил  човек со неверојатна животна приказна, иако како бегалец од Грција пристигнал во Велика Британија без пари, тој почина со богатство кое според проценките изнесува барем 10 милиони фунти.

За сега нема официјални информации во врска со наследството, се претпоставува дека најголем дел и следува на кралицата Елизабета Втора, неговата вдовица.

Деталите за тестаментот можеби никогаш нема да бидат целосно јавни, бидејќи е забрането да се изнесуваат детали за тестаменти во кралското семејство по скандалот кој се случил во 1910 година, кога братот на кралицата Марија се и оставил на љубовницата.

Меѓутоа, некои детали сепак испливаа во јавноста, како на пример дека зад принцезата Дајана останало богатство 21 милион фунти.

Сепак, богатството на Филип се состои од колекција на подароци кои  добивал вредни уметнички слики, книги…Како што некогаш пишувал експертот за кралските финансии Дејвид Меклур, Филип бил одличен пример како кралските дарови можат да станат главен извор на нечие богатство.

Доколку се земат во предвид и подароците од свадбите, неговото богатство би можело да достигне 50 милиони фунти, пренсува британскиот Express.

Извор: Еспресо.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.