ММС

Објавено на: 04/22/21 12:40 PM

Среќен роденден љубов моја, се надевам дека ќе бидам добар татко – Пандев му честиташе роденден на Филипо

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денес го слави рoденденот на синот Филипо. Тој со емотивна порака му ја посака целата среќа на светот.

-Ти си најголемата среќа во целиот мој живот. Времето лета, 11 прекрасни години заедно. Колку многу убави емоции ми имаш дадено. Се надевам дека сум ти добар татко и пријател исто така. Среќен роденден љубов моја! Ти посакувам со целата љубов на светот, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)


Пандев освен Филипо, ги има и ќеркичките Ана и Софија, а со сопругата Надица во брак се од 2009 година. На неговиот профил претежно се спомени од фудбалот, но не ги испушта родендените на децата и годишнината од љубовта со Надица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.