ММС

Објавено на: 04/22/21 7:53 AM

Промовиран романот „Господинот М“ на Јордан Ѓорчев

Романот “Господинот М“ од Јордан Ѓорчев раскажува за волшебната приказна за господинот Мавторот и не води во една непозната, но само од него претставена цивилизација во која човекот го има истиот лик и облик како и денешниот, но се друго е поинакво, необично, непознато, фасцинантно. Тоа е еден нов, еден сосема можен свет, свет од фантазијата на писател кој во енормни количини располага со способноста да погледне во иднината и тоа свое видување на новото време кое неумитно доаѓа да ни го пренесе и нам, на читателите преку страниците на романот „Господинот М“.

-Расказите од романот Господинот М се пишувани 2009-2010 год и излегуваа неделно во Битолски весник, и имајки предвид дека во ова време нема ништо занимливо и интересно, решив тие раскази да ги спојам во еден  роман со име “Господинот М“.  Романот е една фаза на обука на еден неодлучен човек кој се сретнува со многу човечки морални вредности, и поради тоа пред секоја реченица има мумлање, поради неодлучност што да каже, и од таму доаѓа името на романот, вели авторот Јордан Ѓорчев.

Романот беше промовиран на ЗУМ пред неколку дена, а промотори беа Иван Бојаџиски, новинар и писател, и Трајче Кацаров, поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Промоцијата ја водеше проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „ Г. Р. Державин “.

„Господинот М“ е во издание на официјалната издавачка куќа на МСУ, Меќународен центар за славјанска просвета.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.