ММС

Објавено на: 04/21/21 9:35 PM

(ВИДЕО) Го отпеа хитот „Додирни ми колена“ и се повлече – Никој не ја препозна Зана Нимани, а цела екс Ју лудуваше по неа

Групата „Зана“ беше една од најпопуларните групи во целиот регион, а столбот на овој состав и жената на која и донела неверојатна слава беше Зана Нимани, по која групата го добила името.

Неа и се поклонувала цела Југославија, и се возхитувале на нејзиниот моќен глас, харизма и несекојдневна убавина.

На патот кон славата на групата секако им помогнала и Марина Туцаковиќ, неуморно пишувајќи текстови за нив, а го создала и хитот „Додирни ми колена“ кој оваа група ги направи препознатливи и кој го надополни гласот на пејачката.

Во екот на успехот кој го остварила со екипата од бендот, Зана одлучува да отпочне соло кариера и една година подоцна го објавува албумот „Ночас певам само теби“.

Не долго после тоа, пејачката одлучува потполно да се повлече од јавната сцена и да го продолжи животот надвор од музичкиот свет.

Таа се омажила со Ѓорѓе Шишкин, 1991 година ја родила ќерката Теа, а неколу месеци подоцна сите заедно ја напуштиле Србија и тргнале на пат за Канада.

Денес Зана Нимани има 59 години, успешна деловна жена и не планира да се врати во Србија, дури ни да ја посетува, а пее понекогаш за своја душа.

Zana Nimani, prva pevačica popularne grupe “Zana” živi u Kanadi i zapeva samo za svoju dušu. Ovako izgleda danas.

Posted by Prvi Radio Užice on Wednesday, October 28, 2015

 

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.