ММС

Објавено на: 04/21/21 8:29 PM

Запленет хероин – приведени двајца дилери од Штип

Денеска на наплатната рампа „Миладиновци“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полуција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на наплатна ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип, информираат од МВР.

При извршена контрола на патничко возило “голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници  кај Т.З.  пронашле полиетиленско пакување хероин.

Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.