ММС

Објавено на: 04/21/21 7:25 PM

Базен, тениски терен и поглед од милион долари – новата, луксузна оаза на Ѓоковиќ остава без здив

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, од скоро се сопственици на луксузна вила во Марбељ, која е проценета на вредност од 10 милиони евра.

Луксузната недвижност е повеќе од комфорна, поседува приватен базен, спа центар, биоскопска сала, тениски терен, има девет спални соби, сала за билјард, како и теретана. Посебно треба да се истакне непрегледниот висок двор и совршен поглед на море и планина. Така воопшто не чуди што семејството Ѓоковиќ се одлучиле да се почестат со едно вакво место.

Купувањето на оваа луксузна недвижност не ги помина ни светските медиуми, кои различно го коментираа изборот на новиот дом на првиот рекет во светот.

Еден од најлошите коментари кој дошол од шпански портал, бил дека новата куќа на српскиот тенисер неодоливо потсетува на куќата на нарко босот Пабло Ескобар, а и дека самиот Ноле и Пабло имаат доста сличности и дека „сакаат исти работи“.

 

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.