ММС

Објавено на: 04/21/21 3:15 PM

Радовишанец обљубил малолетничка: Против него е поднесена кривична пријава

ОВР Радовиш до Основен суд Струмица денеска поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишен радовишанец.

За радовишанецот со иницијали  С.М. (26) од Радовиш, постои сомнение дека ноќта помеѓу 20/21.04.2021 година во Радовиш извршил обљуба врз малолетничка.

С.М. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица – соопштија попладнево од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.