ММС

Објавено на: 04/21/21 2:34 PM

Заврши вакцинирањето на велешани со првата доза од вакцината „АстраЗенека“

Вкупно 800 пациенти на 76 и 77 годишна возраст ја примија првата доза од вакцината „АстраЗенека“  во Јавна здравствена установа „Здравен Дом“ во Велес.  Вакцинацијата започна на 31 март и во текот на имунизацијата кај ниту еден пациент не се појавиле несакани ефекти.

-Од почеток на имунизацијата, нашите пациенти ги почитуваа сите препораки и секогаш доаѓаа точно на закажаниот термин.  Секој вакциниран пациент веднаш по примањето на вакцината, добива и вакцинален картон на којшто му е закажан терминот за ревакцијација,  рече Д-р Пандели Божиков од Службата за имунизација.

На почетокот на имунизацијата, ЈЗУ „Здравствен Дом“ Велес, располагал со 600 дози од вакцината „АстраЗенека“, но поради заинтересираноста на велешани во текот на процесот на вакцинација  дополнително биле доставени уште 200 вакцини.

-Секако дека постојат и пациенти коишто преку своите матични лекари закажале термин за вакцинација но поради одредени оправдани причини не се појавиле на вакциналните пунктови. Со цел да немаме прекин во работата, на нивно место веднаш се закажуваше друг пациент, додаде Божиков.

Во моментов нема точни информации кога Велес ќе добие следна доза на вакцини, но  медицинските тимови имаат надеж дека тоа ќе биде во скоро време.

 

Стефани Манева


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.