ММС

Објавено на: 04/21/21 1:35 PM

На сите ни е преку глава од војни, сакаме мир-Амбасадорот Јаќимовиќ за Нон Пејперот

Сите имаат свое мислење за Нон Пејперот, посебно засегнатите земји, но јас како амбасадор на Босна и Херцеговина сметам дека сите сакаме мир на овие простори, затоа што војната и сите воени случувања на сите им се преку глава, рече денес во Штип, амбасадорот на БИХ, Драган Јаќимовиќ во врска со Нон Пејперот и реакциите што ги предизвика овој документ.

„Што се однесува до Нон Пејперот еве денес имавме разговори со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и разговаравме и на оваа тема. Секако секоја држава, посебно Словенија и Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина имаат свој став за Нон пејперот. Тоа што со сигурност можам да го кажам како амбасадор на БИХ е дека сите сакаме пред се’ мир на овие простори, затоа што војната и сите воени случувања на сите им се преку глава а сигурен сум дека мир е тоа што на сите ни треба и секако добра економија и стабилност,“ потенцира Јаќимовиќ.

Според документот од можните „решенија“, „нон-пејперот“ предлага обединување на поголемиот дел од Република Српска со Србија, со што авторите на овој словенечки документ тврдат дека Србија би можела да се согласи на обединувањето на Косово со Албанија.
Како трета точка, „нон-пејперот“ хрватското национално прашање „го решава“ со спојување на кантоните од БиХ во кои има мнозинско хрватско етничко население со Хрватска или нивно доделување на посебен статус на „хрватскиот дел“ од БиХ преку користење на моделот на Јужен Тирол од Италија.

Под точка 4, „нон-пејперот“ предвидува формирање на босанска држава, во која Бошњаците ќе преземат целосна одговорност за неа и ќе одлучат дали би се приклучиле во иднина во ЕУ или ќе дејствуваат како независна држава надвор од ЕУ.

В.Кр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.