ММС

Објавено на: 04/21/21 11:12 AM

Иако бројот на новозаболени и хоспитализирани со Ковид-19 се намалува, мора да останеме исклучително внимателни, изјави Филипче

Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

– Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, додава Филипче во објавата.

Тој посочува и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.