ММС

Објавено на: 04/21/21 9:21 AM

Компанијата Џонсон и Џонсон продолжува со достава на вакцината против ковид-19 во Европа

Компанијата Џонсон и Џонсон потврди дека ќе продолжи со дистрибуција на својата вакцина против ковид-19 во Европа, откако Европската агенција за лекови соопшти дека користа од вакцинацијата е поголема од ретките ризични појави на создавање згрутчување на крвта. Компанијата соопшти дека ќе ги исполни своите обврски и ќе испорача 200 милиони дози во Европа и 100 милиони дози во САД.

Ројтерс потсетува дека Европската агенција за лекови препорача дека на етикетата на вакцината на Џонсон и Џонсон  би требало да стои предупредување за создавање згрутчување на крвта, истакнувајќи дека користа од вакцинацијата е поглема од ризикот. По ова, акциите на компанијата Џонсон и Џонсон пораснаа за повеќе од 2 %.

Компанијата соопшти дека новата етикета ќе содржи предупредува за ризик од ретки несакани ефекти, но и упатство за тоа како да се препознаат и лечат. Од компанијата информираа и дека повторно ќе почнат со испорака во ЕУ, Норвешка и Исланд, а во моментот работат на тоа повторно да почнат со клиничко испитување на своите вакцини.

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон привремено беше запрена во САД, откако кај шест жени беше забележано згрутчување на крвта во мозокот, што ја наведе компанијата да ја одложи дистрибуцијата во Европа.

Холандија потврди дека повторно ќе ја користи вакцината почнувајќи од денеска, а можно американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Управата за храна  и лекови по состанокот во петок да дадат нова препорака во врска со вакцината на Џонсон и Џонсон.

Извор:  rtv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.