ММС

Објавено на: 04/20/21 10:33 PM

(ВИДЕО) Носени патики на Канје Вест на аукција – почетна цена милион долари

Пар патики од брендот „Yeezy“ на раперот Канје Вест се најдоа на овогодинешната аукција во Хонг Конг. Канје води бизнис со патики и облека „Yeezy“ кој сега соработува со компаниите Адидас АГ и „Gap Inc“, а вредноста се проценува помеѓу 3,2 милијарди и 4,7 милијарди долари.

Почетната цена на овој пар изнесува дури милион долари, иако организаторите на аукцијата тврдат дека финалната цена ќе биде значително повисока.

Колекционерот кој ги продава истакнал дека се навистина посебни по тоа што раперот ги носел за време на настапот на доделувањето на Греми наградите во 2008 година.

Ова е најскапиот пар облека кој се нашол до сега на аукција.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.