ММС

Објавено на: 04/20/21 9:45 PM

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација – не е забележан ниту еден смртен случај

Експерти од Центарот за јавно здравје во Соединетите Арапски Емирати објавија охрабрувачки резултати од истражувањето на вакцината Синофарм.

Вакцината Синофарм е повече од 90 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација на луѓето заразени со коронавирус, покажуваат резултатите на студијата спроведена во Абу Даби, пренесува Танјуг.

Властите во Соединетите Арапски Емирати соопштиле дека истражувањето открило значаен пад на стапката на нови инфекции од коронавирус меѓу луѓето кои ја примиле втората доза од таа вакцина во Абу Даби, пишува сајтот „The Nationalnews“.

Студијата, која ја спровела Центарот за јавно здравје во Абу Даби, открила дека поголемиот број на заразени, после добивањето на вакцината, патат од благи симптоми и дека не им било потребно лечење во болница.

Утврдено е дека вакцината е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација, а 95 отсто ефикасна во намалување на потребата за прием на интензивна нега, наведено е во истражувањето.

Според соопштението на Канцеларијата за медиуми Абу Даби, не е забележан ниту еден смртен случај кај луѓе кои ги примиле сите потребни дози од оваа вакцина. Истражувачите тврдат дека имунитетот против коронавирусот најдобро се постигнува со вакцинација и придржување до мерките кои се смислени за да се ограничи ширењето на вирусот.

Студијата исто така потврдила дека имунитетот не е загарантиран после инфекцијата.

Истражувачите рекле дека и ризикот од зараза со вирусот се зголемува како што мутира вирусот, а шансите вирусот да мутира се зголемува со негово ширење.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.