ММС

Објавено на: 04/20/21 8:30 PM

Медицински феномен – останала бремена додека била бремена

Лекарите на овој британски пар им кажале дека бебињата се зачнати во разлика од три недели.

На почетокот, малиот Ноа напредувал сосема убаво во мајчината утроба. Првите снимки на Ноа од ултразвук на возраст од седум недели и десет дена им покажале на Ребека Робертс (39) и Рис Вивер бебе кое се обидувале да го зачнат повеќе од една година.

Но после три месеци бременост, Ноа изненадно добил друштво. Ултразвукот во 12 недела покажал дека Ноа има и помала сестра.

-Останав бремена додека бев бремена. Тоа е апсолутно чудо. Бидејќи тоа не би требало да се случи, раскажала Ребека.

Се работи за медицински феномен – суперфетација, односно оплодување на нови јајца од различни јајници, додека оформениот фетусе веќе во матката.

Студијата од 2008 година покажало помалку од 10 вакви случаи во светот, пишува Си-ен-ен.

-Не можев да поверувам дека тоа ми се случи. Но всушност е убаво. Како добивка на лотарија,рекла Ребека.

Чувствата на таткото се слични: „Работата е готова со еден потег. Ние сме единствени и имавме среќа“.

Гинекологот д-р Лилијан Шапиро објаснила дека во случајот со Ребека, јајцето било оплодено и всадено при првата овулација и „некако повторно овулирано за време на истиот циклус“.

-Уште едно јајце беше оплодено – стана уште еден ембрион и во различно време и двата ембриони се всадени во матката.

Уште една причина зошто суперфетациите се исклучителни, рече  Шапиро, е што матката, откако ќе започна бременоста, веќе не е гостопримливо место за имплантација.

-Ова значи дека вториот ембрион морал да се всади  и да расте во фаза кога не би помислиле дека ќе може да расте. Речиси никогаш не сме виделе два ембриони да се развиваат во различно време. Тоа е неверојатно, рекла Шапиро.

Близнаците Ноа и Розали се родени во септември 2020 година со царски рез. Но девојчето било двојно помала по тежина. И двајцата биле на интензивно лечење на неонатологија, а малото девојче таму поминало дури 95 дена. Дури и денес кога имаат некаде седум месеци Ноа е прилично поголем од сестричката.

-Таа беше толку силна. Таа е мал војник која има своја личност. Немам грижи за неа, рекол таткото за Си-ен-ен, пренесува РТЛ.

Извор: Дневник.ба


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.