ММС

Објавено на: 04/20/21 5:16 PM

Прележав корона на нозе, а потоа стасаа последиците, вели Марјан од Загреб за проблемите по заразата

Марјан Каракафиќ (30) од Загреб бил скептичен кога е во прашање коронавирусот, но потоа се заразил и увидел дека вирусот не е шега.

-Бев скептичен во поглед на короната од почетокот и не се штитев посебно. Потоа болеста ми беше смешна кога во декември се заразив и прележав полесен облик. Меѓутоа, сега се носам со последиците и дури сега видов дека ковид не е шега, како што мислев порано, вели за „Вечерни лист“.

Кога се заразил, вели, од симптомите имал мало пецкање во главата и синусите, блага болка на десната страна на белите дробови која траела два дена и температура која одела до 38,8. Вели, се траело 4-5 дена, после што се чувствувал како ништо да не се случило.

Марјан, како што рекол, е здрав ракометар кој никогаш немал проблми со притисок. А после, одеднаш, среде ноќ забележал дека не се чувствува добро.

-Измерив притисок, беше 175/117, пулс 188. Се преплашив. Го разбудив татко ми, да проверам дали погрешно мерам, но тоа беа реални бројки. Потоа се сетив и дека неколку денови претходно почувствувал остра болка во градите која во тој момент ја занемарив, вели Марјан кој веднаш отишол во болница каде што му направиле преглед и е пуштен со констатација дека можно е да се работи за „постковид синдром“.

-Во исто време, со исти симптоми, таму имаше уште пет млади луѓе, констатира Марјан.

Наскоро запонала јака кашлица.

-Таа сува кашлица беше толку јака што некогаш ме тераше на повраќање. Сируп не помага. Од кашлање губев здив да не можем да составам две реченици. Една вечер без престанување кашлав цели 15 минути, не можев да здивнам од кашлање, па повторно завршив на болница. Средината на февруари ми закажаа термин за 3. Мај, нема термини, раскажува Марјан.

Загушено кашлање, трет пат дојде до Итна помош средината на март,  ренген ни тогаш не покажало ништо, ЦРП малку покачено. Претпоставката било воспаление на белодробна марамица и ми дадоа кодеин кој конечно ја ублажил кашлицата. Добил и две дози на антибиотик, за кој тврделе дека сигурно ќе ја спречи оваа суперинфекција.

-Се покажа дека немам белодробна емболија, но белите дробови ми беа полни со лимфни јазли, има 5 мм на десната страна и нешто не е во ред со тироидната жлезда, десниот лобус е намален. Тоа е моменталната дијагноза. Последните 15 дена ми е подобро, но не сосема добро. При секој здив како тешка плочка да ми лежи на градите. Најлошо е навечер, болка во градите, всушност додека дишам со уста. Ги чекам наодите и понатамошната терапија, рекол Марјан во својата исповед.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.