ММС

Објавено на: 04/20/21 12:41 PM

Над 54 илјади граѓани не зеле плата за март

Во февруари годинава 3774 работодавачи немаат исплатено плата за 9047 работници. Во законскиот рок до 15-ти април пак, за март бруто плата немаат исплатено 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица. Ова денеска го соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревскка која вели дека се очекува реализацијата на поддршката за исплата на плати од петтиот сет антикризни мерки и затоа се уште не се спроведува присилна наплата.  Освен тоа, не е спроведено ни опоменување.

Сепак, УЈП и Инспекторатот за труд заеднички вршат контроли во врска со претходните злоуптреби на поддршката за исплата на плати.

„Чекаме да заврши постапката за аплицирање и потоа ќе почнеме со контроли со Инспекторатот за труд и со јавна објава на оние кои ќе вршат злоупотреба на државната помош. Секој ден сме на линија со Инспекторатот за труд и секој си постапува во својата надлежност, но и со Основното јавно обвинителство за постапување во делот на сите оние кои направија злоупотреба за претходните месеци“, додаде Лукаревска.

Веќе од денеска пак, почнува аплицирањето за поддршката за исплата на плати од петтиот сет економски мерки. Деталите за шестиот пакет се чекува денеска да бидат соопштени, откако владата ќе ги разгледа на денешната седница.

 

В.М


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.