ММС

Објавено на: 04/20/21 11:12 AM

Левица поднесе кривични против Џафери и пратениците со скафандери

“Денес, Политичката партија Левица  поднесе пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат – со известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и КРИВИЧНА ПРИЈАВА до Основното јавно обвинителство – Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието – Талат Џафери,“ објави Апасиев на својот фејзбук профил.
Според Левица, Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето,“ се додава во соопштението.
Од партијата Левица велат дека очекуваат од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.
На собраниската седница во неделата, двајца пратеници од владејачкото мнозинство пристигнаа и престојуваа  во Собранието со посебна заштитна опрема, маска и скафандер и од специјално изолирана просторија гласаа за законите од петтиот се економски мерки за помош на повеќе сектори погодени од пандемијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.