ММС

Објавено на: 04/19/21 9:40 PM

Короната остава дури 48 долготрајни последици – 80 отсто од пациентите имаат барем една од нив

Ковид 19 може да остави дури 48 различни долготрајни последици н пациентите кои го прележале, утврдила студијата на американските научници и СЗО. Утврдено е дека дури 80 отсто од пациентите кои имале коронавирус имаат еден или повеќе симптоми на постковид или продолжен ковид, кои можат да траат со месеци бидејќи вирусот се прележува и исфрла од организмот.

Американската студија, работена на основа на 18.251 публикации од 2020 година која се однесува на 47.910 пациенти, покажала дека најчести последици од Ковид 19 се замор, кога подолго, дури и од 100 дена, чувствувале повеќе од половина од пациентите. Помалку од половина од пациентите имаат главоболка, а во топ пет последици се и пореметување во вниманието, паѓање на косата и отежнато дишење. Но кај некои луѓе трајно останува дијабетесот, бубрежна инсуфициенција, параноја, дури има и такви кои доживеале мозочен удар.

Авторите Сандра Лопез Лион анализирале студија направена на најмалку 100 ковид пациенти, на старост од 17 до 87 години, во периодот од 14. И 110. Дена после инфекцијата од коронавирусот. Тие имале покачени некои од шест лабораториски параметри и абнормални снимки на рендген или скенер на белите дробови. Авторите во „Повеќе од 50 долгорочни последици од Ковид 19:систематски преглед и метаанализа“, објавена во магазинот „medRxiv“, заклучиле дека дури 80 отсто од пациентите имаат една или повеќе последици од ковид кои се претставени графички на фотографијата од човечко тело.

Во студијата е констатирано дека се потребни уште испитувања во поглед на полот, староста, претходни коморбидитети, тежина на клиничката слика на Ковид 19, како и должината на лекувањето, што ќе помогне во превенција и лечење во постковид состојбата.

Графиконот го претставила д-р Дина Фајзер од Регионалната канцеларија на СЗО за Европа на вебинар „Дијагностика и лечење посковид пациенти“, каде што модератор била д-р Марија Здравковиќ, директорка на КБЦ „Бежанијска коса“, болница која по втор пат била во ковид режим.

Д-р Здравковиќ рекла дека во нејзината здравствена установа доаѓаат пациенти кои се жалат на последици после прележана ковид инфекција.

-За тоа малку време што бевме имавме значаен број на пациенти кои неколку месеци порано имале Ковид. Има и тешки компликации и оштетувања – фиброза на белите дробови, кардиоваскуларни компликации, како воспаление на срцевите мускули. Понекогаш се јавуваат и пациенти со тешка аритмија, а исто и болки во градите, објаснила д-р Здравковиќ.

 

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.