ММС

Објавено на: 04/19/21 7:32 PM

Објави мои голи фотографии, а децата ни играа заедно – Северина „удри“ по сопругата на Жељко Јоксимовиќ

Северина во емисијата „150 минути“ се присетила на незгодна ситуација од 2018 година кога Јована Јоксимовиќ во утринска програма објавила и коментирала нејзини голи фотографии.

Иако во емисијата дошла да зборува поради кампањата против говор на омраза која неодамна ја сними со актерите Горан Богдан и Христина Поповиќ, Северина ја искористила приликата да зборува за непријатноста која ја имала со водителката Јована Јоксимовиќ, сопруга на Жељко Јоксимовиќ. Иако не ја именувала, го споменала нејзиниот сопруг-пејач.

-Имав непријатност со вашата телевизија. Водителката во утринска програма пушти мои голи фотографии, кои беа хакирани од мојот мобилен. Нашите деца си играа заедно, го познавам и нејзиниот сопруг, кој пее. Во една прилика дури и му пишував репертоар за концерт. Нивното дете и моето дете си играа заедно, ние се дружевме, како пријатели, но неврзано за тоа, такви работи едноставно не се прават. Пушти мои фотографии во 10 часот наутро на телевизија. Тоа беше страшно, рекла Северина и додала дека после тоа со Јована веќе не се слуша.

Водителката потоа ја контактирале од српски „Телеграф“ за кои дала кратка изјава за ситуацијата која Северина ја спомнала во емисија.

-Ма, не. Не сакам да коментирам. Благодарам на повикот. Пријатно и догледање, порачала Јована.

Извор: Дневник.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.