ММС

Објавено на: 04/19/21 5:15 PM

Почина бебе старо неколку дена од коронавирус во Србија

Новороденче од Крагуевац, кое на свет било донесено заразено со коронавирус и набрзо завршило на респиратор, претходните неколку денови било во тешка состојба и вчера било префрлено на Универзитетската детска клиника „Тиршова“.

-За време на лечењето поради развој на мултисистемско откажување на сите органи, новороденчето е префрлено во педијатриската клиника во „Тиршова“, поради продолжување на лекувањето, кое подразбира и замена на бубрежната функција и лечење на респираторен дистрес и секундарна белодробна хипертензија во неонатална ковид интензивна нега. При приемот и терапијата за време на лечењето не дојде до подобрување, се влоши мултисистемското откажување што доведе до смртен исход кај бебето, соопштиле од Тиршова.

Симптомите на детето кое директорката ги изнела во јавноста биле застрашувачки: цитокинска бура и белодробна хипертензија. Субјективниот впечаток на овие дијагнози (што го кажале пациенти кои имале среќа да преживеат) се исто толку страшни колку и што звучат.

Извор: Hr.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.