ММС

Објавено на: 04/19/21 1:48 PM

Расчистени девет тешки кражби во Штипско, две лица влегувале по куќи, викендици, објекти, краделе возила

Во период од една година, двајца штипјани сториле дури девет кривични дела.Тие влегувале по куќи, викендички, помошни објекти, објекти во изградба, краделе возила но и електрични апарати. Полицијата ги фати.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија девет кривични дела „тешка кражба“ за кои постои основи на сомнение дека се сторени од Е.А.(18) и К.Ј.(39) и двајцата од Штип. Против нив до Основното јавно обвинителство Штип ќе биде поднесена соодветна кривична пријава,“ се вели во соопштението од Полицијата.

Осомничените, како соизвршители, во текот на 2020 и почетокот на 2021 ги извршиле деветте кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на град Штип.Тие  насилно влегувале во куќи, викендици, помошни објекти, објекти во изградба и патничко моторно возило од каде одземале најразлични предмети, рачни и електрични апарати.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.