ММС

Објавено на: 04/19/21 1:21 PM

УЕФА ја изгласа новата Лига на шампиони – Швајцарски модел без групи и без богатите клубови

Дванаесет богати клубови се одметнаа од сите правила и прописи на УЕФА и решија да основаат Суперлига на Европа во која само тие ќе се прашуваат, па ниту заканите од УЕФА дека нивните фудбалери ќе им забрането да играат на Светско првенство, не го сфатија сериозно.

Причината се парите кои ќе бидат многу повеќе ако се игра затворена лига на елитни клубови, што беше одговор на предлогот на УЕФА за реформа во Лигата на шампионите.

На денешниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА едногласно е изгласан новиот формат на Лигата на шампионите, а кој очигледно нема да го прифатаѕ најбогатите клубови. Промената би требало да почне од 2024 година, а ова се деталите за новиот формат:

– За почеток, бројот на учесници ќе се зголеми од 32 на 36 и истовремено ќе се укине форматот од осум групи од по четири тима и ќе се премине на заедничка лига. Нема секој да игра со секого затоа што се работи за многу натпревари, туку ќе се искористи швајцарскиот модел.

– Во првата фаза ќе се одиграат по 10 натпревари (пет дома, пет на гости), ждребот ќе биде важен  затоа што клубовите ќе бидат поделени во шешири кои ќе одредуваат со кого би играле.

– Во првиот шешир би биле шампионите од претходната сезона, а следните три шешири ќе се одредат преку УЕФА коефициентите.

– Тимовите од првиот шешир би играле два меча против екипите од првиот шешир, три против тимовите од третиот и два против екипите од четвртиот, а со то би се задржала атрактивноста и ќе се намали бројот на мечеви помеѓу најсилните и најслабите тимови.

– Тимовите рангирани од 9 до 24-то место би играле плејоф за да се одредат останатите учесници во осминафиналето. Оние кои ќе загубат, ќе преминат во Лига Европа, а тимовите од 25. до 36. Место нема да ја продолжат сезоната.

ЛШ ќе се игра во вторник, среда и четврток со тоа што би се зголемил фондот за ТВ-права што најмногу ги интересира најбогатите клубови кои веќе најдоа уште повеќе пари за да си ги поделат помеѓу себе.

Од септември до декември се плариани 180 наместо 96 меча, што значи повеќе повреди и бонуси. За титулата ќе биде неопходно да се одиграат од 17 до 19 натпревари, додека сезонава се 13. Ќе биде тешко како никогаш досега да се дојде до трофејот и поради тоа можни се поголеми изненадувања.

Најсилните лиги би останале со по четири директни учесници, вклучувајќи ја и Франција која досега имаше три. Двата тима кои се најдобро рангирани според УЕФА коефициентот а кои не обезбедиле учество во ЛШ туку во Лига Европа, ќе обезбедат директен пласман во новата Лига на шампиони.

Тоа е смислено за да се заштитат богатите клубови во случај на една слаба сезона, па на пример, Јувентус ако заврши петти во Италија, повторно би играл Лига на шампиони.

извор: Mondo.rs

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.