ММС

Објавено на: 04/19/21 8:11 AM

Официјален фудбалски пекол: 12 клуба основаа Суперлига на најбогатите!Дали Лигата на шампиони на УЕФА ќе постои?

Дванаесет големи европски клуба доцна вечерва објавија дека создаваат ново натпреварување – Суперлига. Оваа одлука дефинитивно значи дека Лигата на шампионите на УЕФА, како што ја знаевме досега, повеќе не постои.

Клубовитие кои се основачи се: Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем. Нема клубови од Германија и Франција меѓу основачите.

„Дванаесет од најважните европски клубови денес постигнаа договор за започнување на ново натпреварување – Суперлига, со која ќе управуваат клубовите основачи. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем се обединети како основачи и уште три клуба ќе бидат поканети да се приклучат пред инаугуративната сезона, која ќе започне што е можно поскоро “, се вели во заедничкото соопштение на 12-те клубови основачи.

Исто така, се наведува дека лигата ќе има 20 клуба, поделени во две групи од десет екипи, од кои 15 ќе бидат постојани членови, а пет ќе бидат пласирани преку квалификации. Првите три екипи од секоја група одат во четвртфиналето, а преостанатите две места ќе ги пополнат победниците во баражот помеѓу четвртото и петтото во групите, по што ќе играат според системот на елиминација до финалето, кое ќе се одржи на неутрален терен. Исто така, се наведува дека натпреварите ќе се играат во средината на неделава и дека клубовите учесници ќе останат на своите национални шампионати.

По првичното соопштение за промовирање на Суперлигата на најбогатите, за кое се шпекулираше со години, УЕФА објави протерување на клубовите кои се приклучуваат на ова натпреварување од нивното членство.

Извор: blic.rs

Фото:bola.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.