ММС

Објавено на: 04/18/21 7:53 PM

Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски вечерва најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.

„ Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните,“ најави Николовски во вечерното гостување на телевизија „Сител“.

Прашан дали имало прекршување на законите при денешното гласање во Собранието на кое присуствуваа и двајца пратеници заболени од Ковид-19, Николовски оцени дека ниту еден протокол или закон не се прекршени и упати честитки до двајцата пратеници.

„ Се потврди владеачкото мнозинство и дека ова владеачко мнозинство нема да прифати уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, рече Николовски, додавајќи дека сите кои се погодени од оваа криза не смеат да бидат заложници на еден човек и на опозицијата која, според него, постојано тврди дека има мнозинство во Собранието за, како што рече, да си ги одржи внатрепартиските состојби.

Додаде дека имаат целосна екипирана коалиција која црвсто стои зад потребите на граѓаните и која нема да прифати уцени на грбот на граѓаните.

„ Мерките, политиките, особено во овие тешки времиња мора да ги носиме бргу и токму овој неодговорен однос на Мицкоски, кој еднаш е поразен на 15 јули, на некој начин по втор пат се поразува. Граѓаните тие политики не ги прифаќаат. Мислам дека со смена на многу работи може многу поконструктивно и поодговорно да се однесуваме сите и тогаш побргу ќе носиме мерки и политики за граѓаните. Ќе бидат поразени политиките на конфликти, поделби и на блокади кои граѓаните не ги сакаат. Граѓаните сакаат помош и поддршка во овие тешки времиња,“ рече Николовски.

фото-влада.мк

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.