ММС

Објавено на: 04/18/21 2:08 PM

Конечно изгласан петтиот пакет антикризни мерки

Со 115 гласови „За“ Собранието на Северна Македонија едногласно го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19.

Но, претходно за да се направи кворумот за почнување на првата од двете денешни седници мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, а кои во скафандери и во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.