ММС

Објавено на: 04/18/21 1:31 PM

Започна 32-та седница-СДСМ собра мнозинство, 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

Владеачкото мнозинство ја започна денешната 32- седница за гласање со обезбеден кворум од 62 пратеници во Собранието, од кои 60 во салата и двајца во изолација во кабината, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска дојде во скафандер како позитивна на ковид-19.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, претходно рече дека Собранието било принудено да доведе двајца пратеници во кабината, затоа што не биле убедени дека опозицијата има волја да присуствува на гласањето.

Владеачкото мнозинство за денеска е решено да ги изгласа законите од 32 и 36 седница, на која се и законите за економска помош на граѓаните и компаниите.

Координаторот на пратеничката група на  ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција најави дека ќе бидат присутнини во Собранието, но ќе учествуваат само на 36-тата седница на која треба да се гласа петтиот пакет економски мерки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.